Последна промена: 27.06.2022 12:48ч. Често поставувани прашања

Како работи PaoPao?

PaoPao e онлајн маркетплејс кој секојдневно ви ги нуди најголем број на производи од различни компании и брендови. На само еден клик од вас се достапни производи од најразлични категории, сè за домот, козметика, апарати, мебел, електроника и сè што ќе посакате. 

PaoPao нуди нов пристап кон купувањето, прилагоден за сечии желби. Одберете производ > Одберете начин на плаќање > Очекувајте достава!

Мисијата на PaoPao е да биде едно место каде ќе можете онлајн да купите од вашите омилени продавници и брендови, со само еден клик до над 10.000 производи и брза достава до вашиот дом!

Како да купувам преку PaoPao?

За да купувате на PaoPao може да регистрирате ваш кориснички профил ТУКА и на профилот секогаш да ги имате сите ваши нарачки.

Исто така има опција да купите и без да креирате кориснички профил, но препорачуваме креирање на профил за правилно следење и лесно креирање на сите ваши идни нарачки.

Без оглед на изборот процесот на купување е следен:

  1. Кликате Додади во кошничка
  2. Кликате Продолжи кон наплата
  3. Ги внесувате вашите податоци за достава
  4. Одбирате метод на плаќање: Со платежна картичка или во готово при примање на нарачката
  5. Кликате комплетирај го купувањето и нарачката направена :)

Начини на плаќање

1. Плаќање со платежна картичка

Првата опција за плаќање е онлајн преку нашата веб страница со начин на плаќање - платежна картичка. При плаќањето потребно е само да ги внесете податоците од картичката, име и презиме, број, рок и CVV (трите бројки позади на картичката)

По процесирањето потребно е да ви пишува дали плаќањето е успешно. Доколку плаќањето не е успешно можете да не контактирате на [email protected] со цел асистенција.

2. Плаќање во готово

Доколку ја одберете опцијата плаќање во готово, плаќањето ќе го извршите по примањето на нарачката. Сумата која ќе треба да ја платите ќе биде наведена при нарачката. 

Што се случува по нарачката?

По успешната нарачка добивате број на нарачка кој ви е потврда за купувањето. Во секоја компанија е наведено времето потребно за достава на производите, доколку сте одбрале опција за инстант достава ќе ви биде доставено истиот ден.

Како можам да го заменам производот кој го купив (производот е оштетен/нефункционален)?

Замена на производот се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку е испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Потребно е да пишете е-mail нa  [email protected] со следниве податоци: 

  • Име и презиме на примач на пратка за замена
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Производ кој барате да ви биде заменет
  • Причина за замена
  • Број на нарачка

Замената се врши при достава на новиот производ.

Условите за замена и враќање на производи може да ги прочитате на следниот линк: https://www.paopao.mk/page/shipping-conditions

Како да соработувам со Paopao.mk?

Доколку сте заинтерсирани за соработка меѓу вашиот бизнис и paopao.mk пополнете ја формата за соработка на следниот линк: https://paopao.mk/merchant
Нашите агенти ќе ве контактираат во најбрзо време.