Последна промена: 20.04.2022 16:19ч. Услови и согласност за директен маркетинг

1. Што се емаил известувања

Eмаил известувања се пораки кои ги добивате во вашето поштенско сандаче и ве информираат за сите нови зделки и понуди на paopao.mk. Емаил известувањата ги добивате доколку се зачлените на нашата листа за известувања (Newsletter).

2. Цел на дневните емаил известувања

Целта на емаил известувањата е да добивате информација во вашето емаил сандаче за сите најнови производи и промоции на www.paopao.mk, лесно да ги најдете понудите кои ги барате и да останете информирани за сите новости.

3. Прифаќање или одбивање за добивање на дневни емаил известувања

При регистрација имате опција да одберете check box „Да” или „Не” на прашањето „Дали сакате да добивате дневни емаил известувања”. Со штиклирање на истото вие давате согласност да добивате емаил известувања за новите објавени производи на www.paopao.mk

4. Како се користи вашата емаил адреса

Емаил адресата со која ќе се зачлените ќе стане дел од меилинг листата за известувања. Единствен начин на кој ќе се користи податокот за емаил адресата е испраќање на емаил известувања за промоции и новости.

5. Право на отчленување од листата на дневни известувања и бришење на емаил адресата

Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг, во било кое време. 

Отчленувањето од емаил известувањата е многу едноставно.

На секој емаил кој го добивате во долниот денес агол им копче Отчлени се.

Го кликате и одбирате дека повеќе не сакате да добивате дневни известувања и одбирате Зачувај. Со тоа повеќе нема да добивате дневни известувања од PaoPao.

Доколку сакате вашата емаил адреса да биде целосно избришана пишувате емаил до [email protected] со цел целосно бришење на истата.